Згради наместо парк во Карпош 4?

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Долго најавуваниот парк во Карпош 4 кој беше дел од изборната програма на актуелниот градоначалник Стефан Богоев може да биде „заграден“ со згради, обвинуваат од локалниот огранок на Левица во Карпош.

Оттаму обелоденуваат дека дел од парцелите кои се наоѓаат на местото на предвидениот парк веќе се во сопственост на повеќе градежни компании.

Во продолжение следи целосната реакција на Левица Карпош:

„Паркот во Карпош 4 беше главното ветување на Стефан Богоев и СДСМ за време на кампањата во 2017 година. Иако во изборната програма крајниот рок за изградба беше 2020 година, активностите за паркот се’ уште не се започнати. СДСМ и Стефан Богоев првично ги демантираа гласините дека во близина на паркот ќе се градат згради, реалноста е сосема поинаква. Значаен дел од земјиштето на кое првично се планираше и ветуваше паркот сега е во сопственост на повеќе градежни компании.

Од имотните листови добиени од Катастарот на Република Македонија се гледа дека сопственици на парцели се: Настел, градежната компанија Ривер Плус, СМС Шопс, Гранит, но и бројни физички лица (В. Алиу, М. Алили, К. Алили, Х. Османи, С. Фета, Б. Амед, М. Бектеши…).
Оттука се поставуваат повеќе прашања:
1. Колку згради СДСМ им вети на овие градежни компании?
2. Дали барањата на овие градежни компании се пречката за отпочнување со изградба на паркот?
3. На кој начин овие компании и физички лица станале сопственици на овие атрактивни парцели?
4. Зошто се дозволува во непосредна близина на бунарите во Нерези да се градат згради?
5. Дали паркот е само уште една предизборна манипулација?“

Читај повеќе

Последни објави

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...

Дарко Ристовски – кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.„Со...

Изгласан спорниот ДУП во Општина Карпош – нови згради наместо паркови

На вчерашната 60. редовна седница на Советот на Општина Карпош со мнозинство гласови на мнозинството во советот беше усвоена предлог-одлуката за донесување на Детален...