Вицепремиерот Битиќи на 12-та годишна конференција за управување со човечки ресурси – Инвестициите во човечкиот капитал се поддеднакво важни како и капиталните инвестиции во градењето на посилна економија

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

„Инвестициите во човечки капитал се поддеднакво важни како и капиталните инвестиции. Верувам дека инвестирањето во луѓе е од витално значење за благосостојбата на општеството и за градење на посилна економија. Инвестициите во областа на човечките ресурси се инвестиции во визијата на земјата и имаат директно влијание во економскиот раст, социјалната благосостојба и демократскиот развој на секоја држава“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно обраќање на свеченото отворање на 12-та годишна конференција за управување со човечките ресурси, организирана од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции нагласи дека секоја организација, колку и да е добро дизајнирана и управувана, е добра исто колку и луѓето што работат во неа.

„Оваа година беше многу предизвикувачка, особено за менаџерите за човечки ресурси. Нема сомнение дека пандемијата го постави човечкиот капитал како приоритет број еден во скоро секоја организација во светот. Исто така, несомнено е дека Владата на Република Северна Македонија има приоритет на развој на човечкиот капитал, со грижа за луѓето, со охрабрување на компаниите да се грижат за своите вработени и со градење на општество кое се грижи едни за други. Ова е единствениот начин да се издржат лошите времиња и да се направи добрите времиња да траат подолго“, додаде вицепремиерот.

Битиќи посочи дека развојот на човечките ресурси е од големо значење за Владата на Република Северна Македонија.

„Ние не инсистираме на брзи позитивни резултати со инвестирање во нешто што ќе создаде лажна слика за подобрување, работиме да постигнеме резултати што ќе останат присутни во иднина и ќе создадат подобро општество на долг рок“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот подвлече дека пандемијата од коронавирусот Ковид 19, предизвика потреси и направи притисок за реструктурирање на процесите во многу области, а ова е време во кое треба да вложиме најголеми напори.

„Тешките времиња се дизајнирани да не направат посилни и да не направат помудри, но исто така тешките времиња ни даваат можност да растеме, да откриваме и да се менуваме. Без оглед како се менуваат околностите, една работа секогаш ќе остане вистинита – нација која научила дека најважно е да се грижиме едни за други, може да надмине било што“, заврши во своето воведно излагање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Македонската асоцијација за човечки ресурси по дванаести пат ја организира годишната конференција за управување со човечки ресурси, која се одржува на 3-ти и 4-ти декември, а на свеченото отворање на конференцијата покрај вицепремиерот се обратија и Боб Мортон, претседател на Светската федерација за луѓе и Дарко Петровски, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Читај повеќе

Последни објави

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...