Утре во Велес ќе се одржи пливачки маратон

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Во сабота, 12 септември, Велес ќе биде домаќин на седмиот традиционален  пливачки маратон на езерото Младост како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, соопшти денеска  градоначалникот Аце Коцевски.

„Со почитување на протоколите за заштита, во интерес на континуираниот развој на спортот и годинава ќе го организираме традиционалниот велешки пливачки маратон на езерото Младост.За Велес е од особено значење фактот што и оваа година сме домаќини на финалето на националниот куп што потврдува дека  Велешкото езеро Младост прераснува во значајна туристичка, но и спортска и рекреативна атракција“, рече Коцевски на денешната прес-конференција. Тој упати јавна благодарност до Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28” од Велес и Националната пливачка федерација за успешната организација како и до спонзорот  „Ротари клуб“ – Велес и поддржувачите на маратонот. Воедно, градоначалникот апелираше до сите заинтересирани посетители на настанот да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид 19.

Иле Попов, претседател на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ рече дека за првпат оваа година ќе има млади пливачи под 12 години, а професионалните пливачи ќе пливаат на 2500 метри. Манифестацијата ќе биде организирана во согласност со протоколите на Националната пливачка Федерација.

Според најавите, на маратонот ќе учествуваат 50 пливачи во професионална конкуренција, 20 млади под 12 години и 20 рекреативци.

Ќе се одржат вкупно шест трки, во три категории:

2,5 км – категорија 12-14 години,

5 км – категорија А 15-17 години и

Категорија Б 18 години и постари

Настанот ќе започне во 10 часот, во близина на ресторанот „Бела вода“. Финалето на македонскиот куп во  во далечинско пливање на 2500 метри ќе започне во 11:30 часот. Доделувањето на наградите е најавено во 14 часот.

Читај повеќе

Последни објави

Апасиев: Заев за утре спрема конечно внатрешно обезличување на македонскиот народ!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот фејсбук-профил објави план за тоа како Владата на ДУИ и СДСМ утре преку Собранието ќе ја...

Општина Карпош за дезинфекција на мобилни телефони склучила договор од 51.920 денари

Политичката партија Левица преку локалниот огранок во Општина Карпош реагираше по повод договорот на Општина Карпош за купување средство за дезинфекција на мобилни телефони.Како...

Гром удри на плажа во Охрид – над 10 лица со последици од ударот

Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во близина на Градиште удрил гром при што повредени се две лица, а други 13 се пожалиле...

Изгласан нов ДУП – во Карпош ќе се гради бензинска станица

 На 58. седница на Советот на Општина Карпош која се одржа во четвртокот беа усвоени два предлог Детални урбанистички планови. Едниот од нив се...

Крмов: Или има Устав или нема – ова не е пазар!

Пратеникот Борислав Крмов, во одговор на провокативно прашање, го објасни кршењето на Уставот и законот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери, поради тоа...