Умирам. Иако не сум целосно сигурна во тоа…

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Умирам.
Иако не сум целосно сигурна во тоа, нешто во позадина ми кажува дека наскоро ќе бидам мртва. Колку ладно звучи тоа, таа морничава мисла дека за кратко време повеќе нема да бидам на овој свет. Отсекогаш очекував дека смртта одеднаш ќе настапи на сцена, дека тоа ќе биде еден блиц-момент во кој нема ни да бидам свесна за она што ми се случува. Наместо тоа, оставена сум разочарувачки бавно да се борам со канџите на надоаѓачката темнина.

Додека лежам на земја со лицето свртено нагоре, обидувајќи се да сфатам како се доведов себеси во ваква ситуација, со врвот од погледот ја здогледувам малата икона од Пресвета Марија Богородица, која е поставена веднаш над каминот. Никогаш не бев преголем верник, па дури ни сега, кога директно и гледам на смртта во очи, не се наоѓам себеси како се молам за сопствениот живот. Мислите кои ми се вртат во глава повеќе имаат врска со тоа дали овој момент е неизбежниот исход од настаните кои самата јас ги покренав во движење.

Покрај психолошкиот шок кој првично настана од самиот убод, сега полека ме совладува и уморот. Мора да е резултат на нискиот крвен притисок. Можев ли да изиграм поинаку, да постапев на друг начин? Дали не размислив доволно пред да ги направам последните чекори?

Одеднаш надоаѓа болка во пределот на градите, рамената и вратот. Не ме погодува толку многу самата болка, отколку што точно таа значи. Ми останува се помалку време. Или пак, што и да направев, во моментот кога дознав одредени работи, судбината ми беше запечатена? Има некои вистини во стереотипите за моментите пред да настапи смртта. Можеби целиот живот не ми поминува пред очи, меѓутоа се запрашувам себеси дали истиот вредеше и се обидувам да се потсетам на се што постигнав во него.

Веќе ги чувствувам и потешкотиите во дишењето. Не остана уште многу. Чувствувам како неколку капки солзи ми се слеваат по образите. Последна, на крај, секогаш доаѓа тагата. Каењето, кое настапува како последица на нашата неспособност во текот на животот да постапуваме на единствениот исправен и морален начин. Дали би постапила поинаку кога сега би добила уште една шанса?

Мислата полека ми се топи во мноштвото од идеи кои заедно испомешани се губат во претстоечката вртоглавица која штотуку се појавува. Дишењето се одвива на се помали интервали, а јас полека почнувам да пропаѓам… Не, туку напротив, лебдам… или пак, час по час, исчезнувам…

Последната мисла од некаде слетува во мојот ум. Не успевам да ги затворам очите, фокусирајќи се наместо тоа на некоја далечна точка во позадината, во мракот кој целосно ме обвива.

Не е важно како би реагирала во овој момент. Факт е дека додека бев жива, потфрлив…


Извадок од книгата “Виенски Гамбит” од Анде Јанков

Кои се омилените 5 книги на Анде Јанков? Погледнете ТУКА.

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....