Тим од научници вели дека Месечината е милиони години помлада од што мислевме

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Да се гледа неколку милијарди години наназад низ историјата не е лесно и новите откритија континуирано не поттикнуваат да го реобмислиме одговорот на прашањето – како настанала Месечината?

Според нова студија сателитот на Земјата е многу помлад одколку што мислиме – 85 милиони години помлад. Истражувачите велат дека примероците од лунарен камен собрани за време на Аполо мисиите не се доволно стари за да се верификува нормално прифатената бројка од 4,51 милијарди години за староста на Месечината. Според општо прифатената хипотеза Месечината се има формирано од остатоците на судир меѓу Земјата и помала планета наречена Теја при што исфрлените стопени карпи евентуално се стврднале во едно цело тело кое почнало да орбитира околу Земјата.

Ова значи дека материјалот од кој е составена Месечината доаѓа од Земјата и може да се искористи за одредување на нејзината старост преку софистицирано моделирање. Новата студија сугерира дека Месечината била создадена кога Земјата била скоро целосно оформена.

„Резултатите од нашите модели сугерираат дека младата Земја била удрена од протопланета околу 140 милиони години по раѓањето на Сончевиот Систем – 4,567 милијарди години во минатото.“  вели геофизичарката Максим Маурис од Германскиот аеровселенски центар.

„Според нашите пресметки ова се случило пред 4,425 милијарди години – со грешка од 25 милиони години – и Месечината била родена.“ Моделите  на Маурис и нејзините колеги земале впредвид два временски периода – колку била стара Земјата кога Теја удрила во неа и колку долго било потребно за масовниот океан од магма на Месечината да се олади од кога започнало зацврстувањето?

Вториот процес од почеток до крај траел околу 200 милиони години според моделите на научниците. Симулациите базирани на тоа како месечевите силикатни минерали еволуирале низ времето довело до тоа научниците да ја одредат староста на Месечината на 4,425 милијарди години. Новата анализа навлегува во сериозни детали и покажува колку многу фактори мора да се земат впредвид – како дупките на месечевата површина влијаеле на брзината на ладење и колку длабоко се наоѓал ориналниот океан од магма?

„Споредувајќи ги измерениот состав на месечевите камења и предвидениот состав на океанот од магма од нашиот модел, успеавме да и влеземе во трага на еволуцијата на океанот се до почетната точка, времето во кое Месечината се формирала.“ вели геофизичарот Сабрина Швингер од Германскиот аеровселенски центар.

Одредувањето на староста на Месечината бара многу паметно нагаѓање и тоа значи дека најверојатно ќе слушаме уште многу повеќе за староста на Месечината во годините кои следуваат. Идните екипажни мисии на Месечината ќе може да соберат повеќе примероци од лунаерн камен со кои би можеле да ги пополниме некои од останатите празнини во нашето знаење.

Ова не е единственото недамнешно истражување кое се однесува на овие мистериозни непознати работи. Пред само три години староста на месечината беше зголемена за 140 милиони години додека други понови истражувања сугерираат дека е уште постара.

Овие корекции изгледаат огромни во однос на нашиот животен век но се многу мали во големата приказна на Сончевиот Систем и треба да очекуваме уште повеќе од нив како што еволуира нашето разбирање.

Сепак, новата претпоставка се поклопува со периодот во кој се смета дека се формирало металното јадро на Земјата, доцна во геолошкиот развој на нашата планета. Исто така се совпаѓа со временската рамка на предходните истражувања за штетата предизвикана од астероиди што можеби била предизвикана од судирот меѓу Земјата и Теја.

„Конвергенцијата на овие независни претпоставки не само што ни дава робустна и прецизна бројка за староста на ударот од кој се формирала Месечината туку и конзистентно го поврзува овој настан со диференцијацијата на Земјата и динамичната еволицја на внатрешниот Сончев Систем.“ велат истражувачите.

Извор: Астрономија Мк

Повеќе слични содржини прочитајте на astronomija.mk

Читај повеќе

Последни објави

Момче со палка демолираше BMW во Битола (ВИДЕО)

На Твитер се појави видео на кое се гледа како неидентификувано машко лице со палка удира по паркиран BMW автомобил. СВР засега е се...

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...