Соопштение на Народната банка

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Во насока на точно информирање на јавноста, имајќи ги предвид невистинитите информации коишто во изминатиот период во неколку наврати беа пласирани во врска со укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, како и невистините за банкарскиот систем и за работењето на Народната банка, уште еднаш сакаме да известиме и да потсетиме:

Одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ е донесена согласно со Законот за банките, каде што се пропишани условите за работа во овој сектор. Одлуката е донесена заради неисполнување минимални законски услови за работа на банка.

Согласно со Законот за банките, за да се основа банка потребен е капитал од најмалку 310.000.000 денари, што сопствениците и банката во текот на своето работење се должни да го одржуваат или зголемуваат, но не смее да се намалува. Имајќи предвид дека секоја банка, покрај со сопствените средства располага и работи и со средствата на депонентите, со Законот е утврдена и минимална стапка на покриеност на пласманите на банката со сопствените средства, т.н. стапка на адекватност на капиталот од 8%.

Одлуката за укинување на дозволата на „Еуростандард банка“ како и сите други одлуки што ги носи Народната банка, произлегува исклучиво од примена на законите, согласно со утврдени процедури коишто се усогласени со најдобрите меѓународни практики. Стручните супервизорски тимови на Народната банка подготвуваат целокупна аналитичка инфраструктура, односно информации, анализи и предлози за постапување, врз основа на коишто се носи одлуката. На овој принцип е донесена и конкретната одлука што се однесува на „Еуростандард банка“.

На оваа одлука претходеа низа супервизорски мерки. Имено, поради слабостите во своето работење, „Еуростандард банка“ подолг период беше под засилен супервизорски надзор и беа изрекувани бројни супервизорски мерки, чија цел беше санирање на состојбите и опстанок на Банката, во насока на заштита на билансот на Банката, а со тоа и на депонентитеЕдна од мерките беше спроведување План за подобрување на состојбата со кој сопствениците се обврзаа да извршат дополнителна уплата на капитал.

Согласно со состојбата во Банката, единствено можно решение беше сопствениците да ја исполнат својата законска обврска и да вложат дополнителен капитал за да се исполни законски утврдената минимална стапка на адекватност на капиталот од 8%.

Заради неизвршената уплата на капитал од страна на сопствениците, а при поголеми загуби од работењето на Банката, со супервизорската контрола на Народната банка се утврди дека вредноста на капиталот и стапката на адекватност на капиталот на „Еуростандард банка“ се под законскиот минимум. 

Народната банка во овој процес на супервизија и изрекување мерки за подобрување на состојбите во „Еуростандард банка“, во комуникацијата со сопствениците постојано укажуваше на потребата за исполнување на законската обврска и дополнително итно вложување на капитал во Банката. За жал, ниту од сопствениците на Банката, ниту од потенцијалниот инвеститор посочен од нивна страна, со кого Народната банка исто така имаше интензивна комуникација, не се обезбеди потребниот капитал за да се достигне законски утврдениот минимум. Воедно, потенцијалниот инвеститор не ја достави потребната документација за отпочнување на постапка за утврдување дали ги исполнува законските услови за акционер на банка.

Оттука, Народната банка немаше простор за никакво друго решение освен постапување согласно со законот и носење на решение за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“. Народната банка не смее да дозволи да продолжи со работа банка којашто не исполнува минимални законски услови.

Како што во повеќе наврати соопштивме, „Еуростандард банка“ е изолиран случај. Банкарскиот систем е стабилен и сигурен. Народната банка како независна институција ќе продолжи да работи професионално и да ги следи и спроведува домашната регулатива и најдобрите меѓународни практики.

Народната банка е постојано достапна за сите информации коишто се во нејзина надлежност.

Соопштение на НБРМ

Читај повеќе

Последни објави

Момче со палка демолираше BMW во Битола (ВИДЕО)

На Твитер се појави видео на кое се гледа како неидентификувано машко лице со палка удира по паркиран BMW автомобил. СВР засега е се...

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...