СМК: Составот на Владата е во спротивност со темелните вредности на Уставот!

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Иако актуелниот собраниски состав е резултат на изборна измама, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неприфатлив го смета составот на Владата затоа што е во спротивност со “соодветнатаи правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа“ како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија!

СМК укажува дека составот на Владата на Република Македонија ја нарушува еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите!

Во составот на Владата има 12 Македонци и 8 Албанци министри, Заев дополнително неуставно предлага 8 Албанци, 6 Македонци и 2 Турци заменици на министрите, со што вкупниот состав е 18 Македонци, 16 Албанци и 2 Турци, или 50% Македонци – значително помалку од уставно потребното мнозинство, 44,44% Албанци – значително повеќе од уставно потребното мнозинство и на штета на другите, и 5,55% други (само 2 Турци) – дупло помалку од уставно потребното мнозинство, но без Роми, Срби, Бошњаци и Власи. Статистичките податоци од официјалните датотеки, и без попис на населението од 2001 година, потврдуваат дека припадниците на албанската етничка заедница во вкупното население се далеку под процентот со кое учествуваат во составот на Владата!

СМК изразува жалење за составот на Владата и смета дека тоа ќе влијае негативно врз етничкиот состав на државните и јавните службеници во сите органи на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, на штета на Македонците, во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок! Министрите вршат злоупотреба на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, а Уставниот суд на Македонија упорно молчи по иницијативите за поништување на Законот за употреба на јазиците.

СМК смета дека правата и слободите не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема, најважни се квалитетот на услугите кои граѓаните ги добиваат во согласност со Уставот и законите од државната и јавната администрација врз мерит системот, независно од етничкото потекло и верското уверување на вработените.

Но, за СМК е неприфатливо политичкото насилство од “етнички клуч“ и “позитивна етничка дискриминација“ на штета врз квалитетот на услугите од државната и јавната администрација!

СМК укажува дека во органите на државната власт и другите јавни институции каде што министри не се Македонци, бројот на државните и јавните службеници е алармантно под 50% од вкупниот број на вработени и не е во согласност со “соодветната и правична застапеност на граѓаните“.

СМК потсетува дека веќе поднесе 7 иницијативи до Уставниот суд на Македонија за поништување на три закони, одредби од три закони и Деловникот на Владата, затоа што составот на Владата не е во согласност со Уставот: Владата ја сочинуваат само претседател и министри!

Собранието оваа уставна рамка на Владата со закони, а Владата со Деловникот за работа, ја деформираа: Воведени се нови функции “заменици на министри“, “заменици на претседателот на Владата“, “прв заменик на претседателот на Владата“ и “дополнителни заменици на министрите“, со надлежности и привилегии, кои во Уставот не постојат, а со кои се инсталира системска корупција и паралелна Влада!

СМК од Уставниот суд бара, до донесување на конечна одлука по поднесените иницијативи, да донесе решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се превземаат врз основа на оспорените прописи, поради штетни последици по владеењето на правото и правниот поредок и флагрантно кршење на правата и слободите на граѓаните и даночните обврзници!




Читај повеќе

Последни објави

Момче со палка демолираше BMW во Битола (ВИДЕО)

На Твитер се појави видео на кое се гледа како неидентификувано машко лице со палка удира по паркиран BMW автомобил. СВР засега е се...

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...