Сезоната кога Верона ги шокираше Јувентус, Интер, Наполи, Милан…

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Летото 1994 година интензивно траеа подготовките за новата сезона во италијанската Серија А. Во фокусот на вниманието беа Јувентус, Рома, Фиорентина и Интер, екипите кои се бореа за титулата претходната сезона во која врвот на табелата му припадна на Јувентус.

Најголем интерес предизвика трансферот на Диего Армандо Марадона, од Барселона во Наполи, па оттука италијанските медиуми го сметаа Наполи за најголем фаворит за титулата.

Во првите 10 кола неизвесноста беше огромна, но една екипа која се издигнуваше беше Верона. Екипа која на крајот, по одиграни 30 кола заврши на првата позиција со освоени 43 поени, четири повеќе од второпласираниот Торино односно пет повеќе од Интер на третата позиција. Милан заврши на петатта позиција, пред Јувентус, а зад Сампдорија на која и припадна четвртата позиција. Наполи со Марадона на крајот мораше да се задоволи со осмата позиција.

Ова беше едно од најпријатните изненадувања тие години особено поради фактот што во претходната сезона екипата на Верона заврши на осмата позиција, само седум поени од зоната на испаѓање.

На лидерската позиција Верона заврши со 15 победи, 13 нерешени и само два порази, од Торино со 2-1 на домашен терен и од екипата на Авелино со идентичен резултат на гости.

Покрај тоа што имаше најмногу победи (50%), Верона имаше втор најдобар напад, најдобра одбрана со само 19 примени гола, но и најдолга серија на победи – вкупно 15 натпревари по ред.

Инаку Мишел Платини беше најдобар стрелец со 18 голови, Алесандро Алтобели од Интер со гол помалку заврши на втората позиција додека Марадона со 14 голови заврши на третата позиција.

Интересно е што оваа сезона на претпоследната позиција заврши Лацио со само 15 освоени поени исто колку и Кремонезе кој заврши последен, поради полошата гол-разлика. Со тоа овие две екипи заедно со Асколи испаднаа во Серија Б.

 

Елкјер, Галдеризи, ди Џенаро, Фана, Бригел…

Најзаслужен за овој трофеј беше Освалдо Бањоли кој на тренерското столче во Верона седна во 1981 година. Токму првата сезона како предвоник на овој тим тој успеа да ја освои италијанската Серија Б.

За разлика од Интер, Јувентус, Наполи, Верона не располагаше со звучни имиња. Во летниот преоден рок екипата донесе пет засилување, Бригел од Кајзерслаутерн, Марангон од Алесандрија, Дарио Дона од Болоња, Елкјер Ларсен од Локерен и Франко Турчета од Вареза.

Во екипата играа и Џузепе Галдеризи кој потоа ќе замине во Милан, Фана кој прави трансфер во Интер, Гареља кој по некоја сезона ќе премине во Наполи како и Тричела, Бруни, Ферони…

Елиминација во второто коло во Европскиот Куп

Веќе следната година, благодарение на првата позиција екипата на Верона настапуваше во Европскиот Куп. Прв противник во ова натпреварување беше ПАОК од Солун. Првиот натпревар Верона славеше со 3-1, благдоарение на двата гола на Елкјер Лрсен и голот на Волпати во 87 минута. На гостински терен повторно победи Верона, овој пат со 2-1, а стрелец на двата гола беше данецот Елкјер Ларсен.

Сепак екипата од Верона одигра уште два натпревари и тоа во рамките на 1/8 финалето. Противник беше Јувентус кој во првиот натпревар ремизираше 0-0 додека на комунале во Торино, Верона беше поразена со 2-0, стрелци на головите за Бјанконерите бшее Платини и Серена.

Читај повеќе

Последни објави

Апасиев: Заев за утре спрема конечно внатрешно обезличување на македонскиот народ!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот фејсбук-профил објави план за тоа како Владата на ДУИ и СДСМ утре преку Собранието ќе ја...

Општина Карпош за дезинфекција на мобилни телефони склучила договор од 51.920 денари

Политичката партија Левица преку локалниот огранок во Општина Карпош реагираше по повод договорот на Општина Карпош за купување средство за дезинфекција на мобилни телефони.Како...

Гром удри на плажа во Охрид – над 10 лица со последици од ударот

Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во близина на Градиште удрил гром при што повредени се две лица, а други 13 се пожалиле...

Изгласан нов ДУП – во Карпош ќе се гради бензинска станица

 На 58. седница на Советот на Општина Карпош која се одржа во четвртокот беа усвоени два предлог Детални урбанистички планови. Едниот од нив се...

Крмов: Или има Устав или нема – ова не е пазар!

Пратеникот Борислав Крмов, во одговор на провокативно прашање, го објасни кршењето на Уставот и законот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери, поради тоа...