Роботот „Фјодор“ учи наследник да работи на Меѓународната вселенска станица

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Андроидот „Фјодор“, кој престојуваше во вселената, ќе се користи за тестирање технологии кои подоцна ќе бидат применувани врз новиот руски вселенски робот. За ова пишува новинската агенција РИА „Новости“ повикувајќи се на творците на „Фјодор“ од научно-производственото претпријатие „Андроидна техника“ од Магниторск.

„Роботот „Фјодор“ во иднина ќе се користи во својство на една од технолошките макети при работата над проектот „Теледроид“, вели извршниот директор на „Андроидна техника“ Евгениј Дудоров. Станува збор за проект на создавање роботски систем од антропоморфен тип кој треба да работи на површината на Меѓународната вселенска станица и да извршува низа технолошки операции. На „Фјодор“ ќе се тестираат технологиите за новиот робот.

Првиот робот-космонаут во светската историја „Фјодор“ престојуваше во вселената во август минатата година во состав на екипажот на вселенскиот брод „Сојуз МС-14“. На Меѓународната вселенска станица тестираше низа нови технологии, меѓу другото, и оние со управување на движењето со помош на екзоракавица, а на почетокот на септември се врати на Земјата.

Една од специфичностите на новиот проект „Теледроид“ во чии рамки е создаден антропоморфен робот кој ќе работи на надворешната површина на МВС е што тој нема да има подвижни нозе. Идејниот и технички проект е завршен, а роботот ќе биде испратен во вселената 2024 година.

Веста е преземена од mk.rbth.com

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....