spot_img

Македонско вино до Владивосток (ФОТО)

Македонското квалитетно вино и санкциите кон Русија - резултатот е следен: македонско вино во маркетите во Владивосток.
spot_imgspot_img
ПочетнаБиблиотекаДрага моја мајко – писмо на партизанката Нада Михајловска

Драга моја мајко – писмо на партизанката Нада Михајловска

Знам дека ќе жалиш за мене што се’ така се случи. Но биди уверена, драга мајко, дека многу попаметно направив, па постапив онака како што знаев. Немој зборовите од поедини луѓе да те огорчуваат и да мислиш лошо за нас. Ние сме твоја ќерка и син и ќе се бориме да ги одмаздиме твоите и нашите страданија. Воопшто немој да жалиш за мене, бидејќи така требаше да биде. Нека не те плашат нашите страдања.

Немој да плачеш и тажиш. И самата знаеш дека не треба да ги полниме затворите ние младите, прави и здрави, туку да се бориме за правдината и слободата на поробениот народ. Знам дека ти си мајка која заслужува да биде почитувана од своите деца. Ние те почитуваме и сакаме, но денешната ситуација не дозволува да бидеме во твојата прегратка.

Жал ми е што не се видовме со Вера, но за тоа не сум виновна бидејќи ти реков да ја повикаш. Ништо за тоа, кога ќе се ослободиме, ќе се собереме повторно во прегратката на својата напатена мајка и нема да жалиме за нашите страдања.

Биди храбра и достојна што создаде син и ќерка кои ќе ја помогнат ослободителната борба. Имаме многу пријатели и роднини и веруваме дека нема да те остават да умреш од глад.

Прости ми што бев така дрска ако тоа те навреди.

Мила мамо, те советувам да бидеш храбра и воопшто да не жалиш за мене. Можеби ти е жал што со мајчина топлина не го испрати своето чедо, но така е подобро.

Поздрави ги сите роднини и познати, а тебе те бакнува и те сака твојата Нада.

С.Ф. – С. Н.


Писмото на Нада Михајловска (родена 8 март 1928 година) до својата мајка Гора, испратено од бојните полиња каде Нада со свои 16 години несебично го положува животот против фашистичкиот бугарски окупатор.

“…Таа беше висока, убава девојка. Прво наидов на нејзината коса. Ја измив подобро, и навистина – нејзината коса. Така го препознав своето родено дете. Од душманите добила три куршуми во главата и еден во здравите гради. Главата цела, нејзина, руса, убава коса, а забите бели, како венец, цели…

Ја погребавме истата вечер…Морав да и сошијам фустан зашто немаше ништо на себе. Пред гробот јас и одржав говор – не сакав да пуштам ниту солза, сакав да покажам каква е мајката партизанка” се присетуваше мајка и Гора Михајловска која во ослободителната борба даде уште две деца, Никола и Филимена.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img