Прославувањето на 1-ви мај во бригадата

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Под ројот на непријателски куршуми, партизаните во борбата за ослободување од фашистичката окупација и не можеле многу да размислуваат за слободни активности. Иако ретко, сепак на фронтот во одредени окружувања се одбележувале и некои празници. Така бригадите кои во 1944 година се затекнале на Осоговските планини, а кои имале за цел да ги истиснат бугарските фашистички сили, го искористиле затишјето пред бура за одбележување на интернационалниот празник 1-ви мај. Едно сведоштво за тоа како партизаните го прославиле 1-ви мај на фронтот е прикажано во книгата “Од Козјак до Загреб” на Златко Биљановски објавена во 1971 година.

Штабот на бригадата беше обземен од размислувањето и консултациите со штабовите на баталјоните, како да биде прославен денот на работничката класа 1-ви мај, кој се ближеше. Секако, доколку вака биде мирно и без борби. Партиското и политичкото раководство, одделно се ангажираа и бараа начин таа замисла да добие своја реализација. Време за тоа многу немаше. Веќе беше 30 април. Бригадата беше во покрет. Сета замисла ќе треба во текот на утрешниот ден да се оствари. Доколку ќе има доволно време и можности таа замисла во текот на утрешниот ден ќе се реализира.

На 1-ви мај 1944 година бригадата се наоѓаше меѓу котите 1847 и 1390. Тука и преноќи. Сместена во големите шуми на Осогово, убавите мали лединки даваа можност за убаво и комотно сместување, само да беше поубаво времето. Агит-пропот, заедно со бригадниот комитет, уште во раните утрински часови имаше состанок. Меѓу другите, присутни беа: Деса Миљевска, Илија Џувалковски, Ацо Шопов, Боро Чушкар, Панче Пешев и други. Дискусијата беше за начинот и реализацијата на вчерашните размислувања и идеи како да биде прославен празникот 1-ви мај. Беше донесена одлука подготовките до пладне да се завршат: едно шаторско крило ќе послужи како плакат. На него еден од бугарските заробени офицери кој беше уметник по професија, заедно со Илија Џувалековски – Личко, со креда да направи голем запчаник, а во средината, преку запчаникот да се издига работник кој со чекан удира по наковална. Горе, во аголот, да дојде срп и чекан со петокрака. Тоа платно, со уште неколку, да послужи како кулиса. Другарите од Агит-проп ќе изготват набрзинка некој скеч, неколку рецитации, пригодни за празникот и неколку хорски песни.

Некаде околу 2 часот бригадата беше сета собрана, освен извидувачите и стражарите. Комесарот на бригадата се појави пред борците. Говореше за значењето на празникот, за борбата на работничката класа и урнувањето на буржоаското општество, за борбата на македонскиот народ и неговото ослободување. Се запре и на интернационализмот, кој, меѓудругото, се манифестираше и во самиот состав на нашата единица, како и заедничката борба со Косовскиот одред и со јужноморавците. Иако денот беше мошне тежок, придружен од врнежи и магла, борците за време на програмата беа пренесено во она што го содржеше говорот, рецитациите, песните и симболот што го означуваше истото што уметникот го беше мајсторски нацртал на шаторското крило, а тоа беше визијата за утрешната слобода. Сите беа до кожа водени, како изведувачите, така и публиката. По програмата, борците по своите единици, по своите лединки запалија огнови за да се исушат и затоплат од студенилото што го беа насобрале.

Извадок од книгата “Од Козјак до Загреб” – Златко Биљановски (1971)

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....