Прошетка низ Долгаец – заборавеното село со драматична историја

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Селото Долгаец е лоцирано на најсеверниот дел од Пелагонија, “гушнато” од падините на Даутица. Денес се наоѓа во административните граници на општината Долнени, во цеверниот дел на оваа општина. Селото се наоѓа на надморска височина од 700 метри, а од Прилеп е одалечено 34 километри.

Во околината на ова село се наоѓаат селата Маргари (одалечено помалку од еден километар), Зрзе, црнилиште и Костинци. Селото е од збиен тип. Атарот зафаќа простор од 13,8 км2 на кои обработливото земјиштезазема 451,3 хектари, на шумите отпаѓаат 560,8 ха, а на пасиштата 303,5 ха., а денес живеат помалку од 30 лица.

Во околината на ова село се наоѓаат селата Маргари (одалечено помалку од еден километар), Зрзе, црнилиште и Костинци. Според податоците објавени во “Битољско-прилепска котлина” од Јован Трифуноски, Се дели на овие маала: Младеноско, Дошлаковско, Крлеско (во него се куќите на родот Бадламовци), Цветаноско, Ангеловско и Поповско или Горно Маало.

Според турските документи за историјата на македонскиот народ објавени во книгата на д-р Александар Стојановски во Скопје во 1971 година, ова село за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Длгавеч и имало 25 семејства, 1 неженет и 4 вдовици, сите христијани.

Според преданието селото некогаш имало три цркви од кои е зачувана само црквата посветена на Свети Атанасиј (Св. Илија) околу која се и селските гробишта. Црквата се наоѓа над селото и „никој не знае“ кога е изградена. На западната страна близу куќите се наоѓа „расипаната“ црква Свети Никола.

Таа била долга 8 метри, широка 5 метри, а се познавале ѕидови високи до 3 метри во кои се гледале греди, што укажува дека таа била разрушена не многу одамна. Околу рушевините има стари гробови со плочи во правец исток-запад. На западната страна во ливадите, е црквиштето Света Богородица каде што била чифликсајбиската кула поради што денес не можат да се видат нејзините остатоци.

До 1912 година во Долгаец имало седум чифлици. Првиот чифлик го основал некојси Аџи-Фејзо кој бил албанец од соседното Црнилиште. Тој овде најпрвин бил селски полјак, а потоа станал чифлик-сајбија. За него се вели: „Малу земја купил, а повеќето го заграбил“. После неговата смрт чифликот го поделиле неговите синови и внуци и така настанале седум чифлици.

Земјата од чифлиците била купена од селаните во 1912 година. Муново Бачило е на планината северно од селото. Таму до 1950 година со стока доаѓале Каракачани од околината на Штип. На оваа планина повремено стока чувале и Власи од Крушево. Во летата во педесетите години на ХХ век на Муново Бачило паселе волови и коњи од Долгаец и 500 овци од државната задруга од Секирци, а во текот на есента штом престане жегата на планината престојувале и овците од Долнени.

Најцрна дамка во историјата на ова село е масакрот кој се случил во 1915 година. Тогаш бугарската војска стрелала или обесила над 180 негови жители и неколку жители од соседните села. Мнозинството од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде сто се наоѓале старите гробишта, кои сега се обраснати со грмушки и висока трева.

Во селото постои крушата крај заедничката гробница (западно од селото) на која бугарската војска со денови држеле обесени тела, меѓу кои и на жени и деца. По Првата светска војна во Долгаец бил подигнат споменик на овие жртви на Масакр во Долгаец кој бил срушен во 1941 година за време на Втората светска војна.

Ова парче од историјата воопшто не се споменува денес, а некои од жителите се гневни на тоа што воопшто овој настан не се споменува во македонско-бугарските преговори и историската група.

До селото се пристигнува преку регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод односно локалниот Ропотово – Црнилиште. Од Костинци се продолжува северно по неколку километри неасфалтиран пат. Тешко прооден. Жителите веќе 20 години се бараат од надлежните асфалтирање, но добиваат само празни ветувања.

Токму од овој пат е условен и развојот на селото. Многумина не одат токму поради инфраструктурната отсеченост на ова село па поради тоа и бројни куќи се целосно разрушени. Тие се неми сведоци за селото во кое некогаш живееле речиси 100 домаќинства и над 600 жители.

Сета убавина, зеленилото, чистиот воздух, реката и потоците паѓаат во сенка на неколкуте депонии. Тие, велат селаните, настануваат поради тоа што немаат каде да го депонираат отпадот. Некои го палат, но некои го фрлаат. Велат, не е тоа најдобро решение, но мораат тоа да го прават бидејќи се заборавени од општината која нема инвестирано ниту еден денар повеќе од 20 години во ова село. “Дури водоводот го изградивме сами” вели еден селанец.

Земјоделието и сточарството се главните активности со кои се занимаваат селаните. Токму поради тоа на голем дел од ѕидовите на куќите се наоѓаат и сушници за тутун.

Во околината на селото се наоѓаат и пет археолошки наоѓалишта. Археолошкото наоѓалиште Тумба претставува населба од неолитско време, додека Мезиница е населба и некропола од римско време. Има и три цркви од непознат период кои се наоѓаат во месностите Манастириште, Мезиница и Црквиште.

На YouTube пронајдовме и видео снимено со дрон во кое е прикажан дел од селото Долгаец.

Читај повеќе

Последни објави

Момче со палка демолираше BMW во Битола (ВИДЕО)

На Твитер се појави видео на кое се гледа како неидентификувано машко лице со палка удира по паркиран BMW автомобил. СВР засега е се...

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...