Ова е  фејсбук статус за Бугарското прашање  на  Мики Веланоски кој  како и сите нас е гневен на владата која пробува да ни ја смени историјата, да ги направи фашистите херои и по секоја цена да влезе во европска унија.

Прочитајте го статусот :

Ај малку, за “пријателството” со Бугарија. Основно училиште завршив во Страшо Пинџур. Знаете кој бил Страшо, народен херој на Македонија и Југославија.
Патем роден е во село Ваташа, Кавадаречко, истото она место каде се стрелани македонските деца од Бугарскиот сега ослободителен администратор.
Уште од студентските денови Страшо е револуционерен и се спротивставува на фашистичкиот окупатор во Македонија. Најдобри другари се со Мирче Ацев и Кузман Јосифовски-Питу.
Фатен е во Скопје, заедно со Мирче Ацев и ѕверски мачен од страна на Бугарскиот сега ослободителен администратор. Опишани се и ѕверските мачења врз него и Мирче Ацев, од фашистичкиот администратор не кажале ни збор.
Прашањето сега е од кого Бугарските фашистички администратори го ослободиле Скопје, кој го убил Страшо и Мирче, ослободителите??
Се повлекува тезата, кога веќе сме биле пријатели и бугарите дошле да не ослободуваат, Страшо, Мирче, Кузман, Карпош треба да бидат терористи. Така?
Им плукаме на борците од НОБ, им плукаме во лице, има уште живи борци, прашајте со кого се бореле!!!
Благодарение на борците, жртвите, успеваме да добиеме држава која не ниту српска ниту бугарска, туку наша македонска на 2ри август 1944, со присуство на претставници од САД и В.Британија.
Фан факт: САД и В.Британија во ВСВ им објавуваат војна на Германија, Италија, Финска, Јапонија, Бугарија, Романија, Унгарија а не на Југославија,зошто?
Југославија не не разделила, бидејќи никогаш не бевме ист народ со бугарите, туку секогаш спротивен.
Ова вчера што го чув, ме запрепасти, тоа е навреда за интелегенција. Таква сервилност немам видено нит чуено до сега.
Кога веќе пишувам, Германија никогаш не порекна дека била фашистичка држава, туку се извини на сите држави кои имале жртви заради фашистичките дејствија.
За разлика од нив, Бугариве негираат дека биле фашисти и на крај те убедува дека до тебе е проблемот.
Лево Цар Борис, десно Адолф Хитлер
Image may contain: one or more people and people standing
Линк од оригиналниот статус : Мики Веланоски ФБ