Премиерот Заев за патот Крива Паланка – Деве Баир: Интензивно се гради Коридорот 8, тоа ни носи поврзување и економски развој

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

„Модернизацијата на Коридорот 8, комплетната реконструкција и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, во должина од околу 13 километри е значајна заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна економска важност за нашата земја“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на работните активности каде беа присутни и заменикот на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Премиерот Заев истакна дека патниот правец Крива Паланка – Деве Баир е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај, кон и од соседна Бугарија.

„Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа: Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите. Дел од овој процес е и доизградба на железницата на овој коридор, кој е поделен на 3 делници: Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека покрај сите предизвици со ковид кризата и со наследените огромни грешки во проектите, продолжува вложувањето на квалитетно подобрување на патната мрежа и подигнување на безбедноста на патиштата на рамниште на Европската Унија.

„Во реализација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 90 милиони евра за изгрaдба и модернизација на Коридор 8. Очекуваме до 2022 година да имаме комплетно нова патна врска кон Република Бугарија, а истовремено се работи на патната врска на запад кон соседна Албанија. Вкупниот влог во модернизација на Коридор 8 достигнува една милијарда евра“, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека станува збор за реконструкција со рехабилитација и доизградба на трета лента на 13,2 км со предвидена ширина од 10,5 м. за што се издвоени се 10,16 милиони евра, обезбедени преку Европска банка за обнова и развој.

Читај повеќе

Последни објави

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...

Дарко Ристовски – кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.„Со...

Изгласан спорниот ДУП во Општина Карпош – нови згради наместо паркови

На вчерашната 60. редовна седница на Советот на Општина Карпош со мнозинство гласови на мнозинството во советот беше усвоена предлог-одлуката за донесување на Детален...