Премиерот Заев во телефонски разговор со Урсула фон дер Лајен: Извештајот на Европската комисија потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во разговорот, на кој присуствуваа и заменикот-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев изрази благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Заев додаде дека оваа поддршка има дополнително значење бидејќи е придружена со Економскиот и инвестициски план за земјите од регионот за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ.

Премиерот Заев ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентираше позициите на Северна Македонија.

Во тој контекст премиерот Заев се заблагодари за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од своја страна истакна дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателката на ЕК уште додаде дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.

Премиерот Заев информираше и за успешното организирање како заеднички домаќини на Лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија на кој беа донесени значајни одлуки и декларации од посебна корист за регионалната соработка и за економски развој на земјите од регионот согласно плановите и агендата на ЕУ.

Претседателот на Владата на Северна Македонија ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за ситуацијата со КОВИД-19 во земјата и се заблагодари за поддршката на ЕУ во справувањето со пандемијата.

Читај повеќе

Последни објави

За една недела подигнати 86 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (31.12.2020 – 07.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 86 возила од јавните површини. Од вкупниот број...

Продолжуваат активностите од втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина

Продолжуваат градежните активности за реализација на втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина. Деновиве се врши асфалтирање на дел од...

Филипче: ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема, се зајакнува капацитетот на установата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод адаптиран нов простор за Дневната...

Милевски: Ги откриваме скриените атракции на Демир Хисар и Клос со поддршка на ЕУ

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програмата за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија преку проектот...

Владата обезбедени средства од буџетот за 5800 “фајзер” вакцини за Covid-19

Владата  го разгледа и усвои и Записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на...