Премиерот Заев и ЕБОР: Потпишан Меморандум за разбирање со фокус на инфраструктура, инвестиции и инклузивен раст за поттикнување на пристапот кон ЕУ

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и зајакнување на инвестициската клима и управување, се приоритетите во фокус на Меморандумот за разбирање кој денеска го потпишаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо на виртуелната церемонија на која се обрати и ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир, а учествуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Целта на Меморандумот е зацврстување на соработката со ЕБОР во насока на поттикнување на пристапот на земјата кон Европската Унија.

Премиерот Заев искажувајќи благодарност за соработката ја потенцира важноста од реализација на приоритетите во Меморандумот, ставајќи акцент на владеењето на правото, намалување на корупцијата, зајакнување на транспарентноста и решавање на прашањето со неформалната или сива економија, како предуслов за зголемување на инвестициската активност.

На состанокот премиерот Заев, истакна дека и покрај бројните предизвици и неизвесност со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, заложбите на Владата на среден и на долг рок се преку системски мерки да се придонес за севкупен економски раст.

Во таа насока се и овие иницијативи за соработка кои имаат прецизно воспоставени цели за подобрување на конкурентноста на приватниот сектор и на севкупното деловно опкружување.

Претседателката на ЕБОР Рено-Басо го поздрави потпишувањето и истакна дека се охрабрени од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ.

„Ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата”, рече Рено-Басо.

Во Меморандумот за разбирање, Банката изразува поддршка во сет мерки на политички ангажман, техничка помош и инвестиции, со цел да го задржи моментумот на приближување на земјата кон ЕУ.

Владата ќе ги дефинира реформските области, инвестициските можности и ќе промовира активности од овој меморандум. ЕБОР ќе го поддржи развојот на домашните компании, преку финансирање и долгорочни советодавни услуги, зајакнување на конкурентноста преку поголем пристап до финансии и поддршка кон економската инклузивност, младите и оние од подалечните региони.

На состанокот беше дискутирано дека Банката ќе помогне во активностите на завршување на клучната транспортна инфраструктура, ќе промовира одржлива инфраструктура и поддршка на разновидна енергетска поддршка, со цел да се зајакне улогата на обновливите извори на енергија.

Владата на Северна Македонија и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции, како и соработка со претпријатијата во државна сопственост во енергија и инфраструктура, со цел да се подобри нивното корпоративно владеење.

ЕБОР има инвестирано над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата. Банката се фокусира во поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како што е Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.

Читај повеќе

Последни објави

Апасиев: Заев за утре спрема конечно внатрешно обезличување на македонскиот народ!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот фејсбук-профил објави план за тоа како Владата на ДУИ и СДСМ утре преку Собранието ќе ја...

Општина Карпош за дезинфекција на мобилни телефони склучила договор од 51.920 денари

Политичката партија Левица преку локалниот огранок во Општина Карпош реагираше по повод договорот на Општина Карпош за купување средство за дезинфекција на мобилни телефони.Како...

Гром удри на плажа во Охрид – над 10 лица со последици од ударот

Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во близина на Градиште удрил гром при што повредени се две лица, а други 13 се пожалиле...

Изгласан нов ДУП – во Карпош ќе се гради бензинска станица

 На 58. седница на Советот на Општина Карпош која се одржа во четвртокот беа усвоени два предлог Детални урбанистички планови. Едниот од нив се...

Крмов: Или има Устав или нема – ова не е пазар!

Пратеникот Борислав Крмов, во одговор на провокативно прашање, го објасни кршењето на Уставот и законот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери, поради тоа...