Мајка (песна за Лерин)
– Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи каква тага в’ срце ти си скрила?
– Пред многу години, под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо.
– Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи каква тага в’ срце ти си скрила?
– Пред многу години, тирани клети
нè избркаа, сине, од домови свети.
– Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи која желба последна би ти била?
– Пред да умрам, сине, Егеј јас да видам,
барем уште еднаш Лерин да си видам.