Постигнат договор: Вардар доби уште еден спонзор!

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Една од нашите најголеми банки НЛБ Банка и двократниот, а воедно и актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на македонската ракометна Супер лига и на Mакедонскиот супер куп, „РК Вардар 1961″ склучија договор за спонзорство за тековната спортската сезона 2020/2021.

Ова партнерство ќе го донесе логото на НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен шампион кој и годинава ќе се бори на терените за да ја оправда европската титула.

„Кога два успешни титани ќе си подадат рака за соработка успесите се неизбежни. Ни причинува вистинско задоволство да го поддржиме тимот кој победува. Вардар е клуб со долга традиција и име со трофејна историја, а нашата Банка сериозен спонзор кој има за цел да биде поддршка и ветар во грб за постигнување на нови резултати на кои сите ќе бидеме горди. НЛБ Банка како општествено одговорна компaнија отсекогаш била тука не само како партнер во спортот туки и кај сите други значајни сегменти од општественото живеење. Ова спонзорство е уште едно продолжување на партнерството со црвено-црните кои од оваа година се со добро познатиот старо-нов сопственик г. Михајло Михајловски под новото име РК Вардар 1961. Длабоко и искрено веруваме дека ова пријателство ќе премине во традиција”, велат од Банката.

За време на заостанатиот четвртфинален натпревар против екипата на РК Нексе од Нашице, Хрватска од СЕХА Газпром лигата од претходната сезона, кој се одржа на 29.08.2020 година во СЦ Јане Сандански, на дресовите на ракометните шампиони можевме да го забележиме и новиот дрес на кој е истакнато логото на НЛБ Банка. И во услови на пандемија и отежнати и ограничени протоколи за игра насмевката и ентузијазмот кај екипата беше забележителна.

РК Вардар 1961 за периодот кој следи се подготвуваат за завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата кој ќе се одржи во Задар, Хрватска од 4 до 6 септември, 2020 година и за почеток на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Им посакуваме многу среќа и успех!

Извор: Спортски

За повеќе спортски содржини посетете го сајтот sportski.mk

Читај повеќе

Последни објави

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...

Со дофрлања и обвинувања за национализам Левица ја прекина седницата за Законот за државјанство (ВИДЕО)

После земањето збор од пратеникот Димитар Апасиев, во тензична атмосфера и дофрлања за нацизам од пратениците на тн албански блок, беше прекината расправата за...