Отпочнува јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започнуваат со имплементација на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон. Кон кампањата се приклучуваат и организациите од платформата „Пријатели на Шара” преку конкретни активности на терен и медиумска промоција, а добредојдени се да се вклучат со свои активности и сите други организации кои ја изразија својата желба да го помогнат процесот со потпишувањето на меморандумот за соработка.

За детално информирање на населението во рамки на проектот, во согласност со Планот за комуникација, предвидени се низа активности и изработени различни промотивни материјали.

Кампањата ќе започне со „Патувачко кино“ во руралните средини на идниот национален парк со проекција на промотивното видео и дискусија со локалното население, а ќе продолжи со организирање тематски форуми со засегнатите страни на различни теми, како што се ловството, туризмот, руралните активности и др.

За подобро разбирање на процесот, ќе биде спроведена и јавна презентација на Студијата за валоризација на Шар Планина, а ќе се обезбеди и поголема застапеност на темата во медиумите преку гостувања и интервјуа со експерти од различни области, редовни брифинзи на новинари за процесот, како и објавување на колумни на експерти и поддржувачи.

За подобра презентација на Шар Планина и на нејзините убавини за кои се слуша надалеку, ќе бидат организирани прошетки низ природните убавини на Шар Планина, ќе се изработат и фотоприказни од успешни локални претприемачи и истите ќе бидат споделени во социјалните медиуми.

Со цел да се обезбеди висок степен на транспарентност на процесот, на веб страниците на МЖСПП се отворени посебни потстраници каде се објавени документите поврзани со процесот се достапни на следниот линк:  https://bit.ly/3l6Ek3R

Јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк се спроведува во рамки на проектот: „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето”, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран преку Програмата за животна средина на Обединети Нации (УНЕП), регионалната канцеларија во Виена и Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија како главен партнер и корисник. Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е локален партнер одговорен за спроведување на Јавната кампања. Дел од активностите се поддржани и од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а во спроведувањето се вклучени и Македонско еколошко друштво (МЕД) и платформата „Пријатели на Шара“.

Читај повеќе

Последни објави

Момче со палка демолираше BMW во Битола (ВИДЕО)

На Твитер се појави видео на кое се гледа како неидентификувано машко лице со палка удира по паркиран BMW автомобил. СВР засега е се...

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...