Орхан Ибиши назначен за асистент на селекторот Скендеровски во футсал репрезентацијата

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Орхан Ибиши, поранешниот македонски репрезентативец и трофеен играч во Железарец, Бамбо Приштина, Јувентус Серава, албанска Едро Валона, Шкупи, Беса и Приштина Мабетекс е назначен за асистент на селекторот на А футсал репрезентацијата, Васко Скендеровски.

Најдобрата наша футсал репрезентација ја очекува двомеч бараж со Англија за пласман во главните квалификации за пласман на Европското првенство. Дуелите се закажани во периодот меѓу 2. и 11. ноември.

Орхан Ибиши, асистент селекторот во А футсал репрезентацијата смета дека ќе даде свој придонес во работата на стручниот штаб на македонската репрезентација, а главната цел во периодот што следува е добра подготовка за дуелите со Англија и пласман во главната квалификациска фаза за пласман на ЕП.

–  Најпрвин сакам да ја изразам мојата благодарност до Фудбалската федераија на Македонија за укажаната шанса да бидам дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата. Убеден сум дека ќе имаме одлична соработка со селекторот Скендеровски. Заедно работевме во Железарец, освојувавме трофеи, бевме дел од Лигата на Шампиони и се надевам дека таа енергија ќе ја пренесеме и во заедничка работа со А селекцијата. Уште повеќе што со играчите во тимот се познаваме одлично и долги години игравме заедно. Наша прва цел е добра подготовка за двата дуели со Англија за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП. Македонија има квалитет да се избори за победа, иако во изминатиот период имавме и резултати кои не соодветствуаат на нашиот рејтинг. Тука сум да помогнам и се надевам дека мојот придонес ќе биде во функција на остварување подобри резултати на репрезентацијата, изјави Орхан Ибиши.

Читај повеќе

Последни објави

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...