Општина Карпош за дезинфекција на мобилни телефони склучила договор од 51.920 денари

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Политичката партија Левица преку локалниот огранок во Општина Карпош реагираше по повод договорот на Општина Карпош за купување средство за дезинфекција на мобилни телефони.

Како што велат од Левица ЛО Карпош, Општина Карпош на 28 февруари склучила договор со Алфа Лаб ДООЕЛ во вкупна вредност од 51.920 денари. Целосната реакција на Левица ЛО Карпош следи во продолжение.

„Со долг поголем од 5 милиони евра, Општина Карпош е третата најзадолжена општина во Република Македонија. Сепак тоа не е пречка за продолжување на расфрлањето пари и на практиката на недомаќинско работење и трошење на парите на жителите.

Последниот во низа скандалозни договори за јавна набавка се однесува на оној кој е склучен на 28 февруари, а објавен на 20-ти овој месец. Се работи за договор склучен со Алфа Лаб ДООЕЛ, а предмет на договорот се набавка на средства за дезинфекција на мобилни телефони во вредност од 51.920 денари.

За потсетување, во мај годинава Стефан Богоев потпишал договор за одржување на 4 (четири) фонтани на територијата на Општина Карпош во вкупна предвидена вредност од 4 милиони денари.
Претходно, општината која драстично се задолжи за сервисирање на основните потреби на жителите, потроши 128.000 евра на претплати за мобилни телефони, 65.000 евра на печатење на “Карпош ИН”, 64.000 евра на патувања и сместувања во странство.“ стои во реакцијата.

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....