НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта низ Ирак.

Иракскиот весник „Iraqi News“ соопшти дека на свечениот настан присуствуваа Карар Мухамед, извршен директор на Високиот комитет за изградба на училишта во Ирак, Ли Дазе, потпретседател на „PowerChina“ и Koo Јун, регионален директор на „Sinotech“. Согласно договореното „PowerChina“ ќе изгради 679 додека „Sinotech“ 321 училиште.

Првиот дел од договорот беше постигнат во ноември минатата година меѓу Ирак и Кина, за изградба на 7.000 училишта, што е крајна цел на проектот. Според Меморандумот за разбирање, училиштата ќе бидат во современ стил, функционални, во согласност со реалните и практични потреби на ирачкото општество. Ова е отпочнување на првата фаза од неговата реализација.

Не беше наведена вредност за проектот за изградба на училиште, но во 2019 година, Кина се согласи да изгради широк спектар на градежни проекти.

Во статистиката на УНИЦЕФ е забележано дека околу 3,2 милиони ирачки деца се надвор од образовниот систем. Во некои провинции, како Салах ал-Дин северно од Багдад и Дијала на исток, 90% од децата не одат на училиште.

„PowerChina“ е во целосна државна сопственост со околу 780 компании. Таа е петта по големина градежна компанија во светот, според магазинот „Engineering News Record“, оваа компанија е најпозната по работата на браната Три клисури и брзата железничка линија Пекинг-Шангај.

„Sinotech е индустриски конгломерат со широк опсег на активности.

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....