Нови дрвореди со 520 дрвја во новиот парк во Мичурин(ФОТО)

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...
Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.
– Оваа локација беше повеќедецениска дива депонија, од која годинава расчистивме 15.000 кубни метри отпад и подигнавме нова јавна површина на повеќе од 6.000 квадратни метри, која ја поделивме на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП Градски паркинг со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Сега овој простор го раззеленуваме со нови дрвореди од 520 висококвалитетни дрвја. Отворањето на нови квалитетни јавни простори и облагодарување на животната средина е мој императив и овде покажуваме како еден сериозно девастиран простор станува пристојно место за уживање на граѓаните – рече градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата.
Тој истакна дека продолжува засилениот инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање на диви депонии на истите места каде што биле претходно и секое несовесно однесување со отпадот ќе биде санкционирано со цел да создадеме здрави навики и да живееме во чиста и здрава животна средина.
Во овој парк засадено е и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри, а за многу кратко време дрвјата кои се засадени во овој парк ќе формираат широки крошни. Наскоро паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.
Град Скопје согласно новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди составени од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.
На засадувањето на садниците во паркот во Мичурин присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на ЈП„ паркови и зеленило“ Ардијан Муча и советничката во Советот на Град Скопје, Михаела Иванова.

Читај повеќе

Последни објави

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...