Вчеравечер во Штип заврши фестивалот на забавни песни “Макфест”. Победник на истиот е Нокаут со песната “Сакам да живеам” зад која се потпишуваат Перевски и Неделковски.
Втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски.
На овогодинешното издание, покрај наградените учествуваа и Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Биба Додева, Eye Cue, Григор Копров, Горан Танев, Слободанка Танева, Илија Кикиритков, Жарко Димоски, Милан Бујаковиќ, Филип Божиновски, Светлана, Пепа, Димитар Андоновски, Наде Талевска, Олгица Шапковска, Наталија Славевска, Виктор Апосоловски, Филип Јордановски, Лара и Полина.