Наташа пеливанова е новата претседателка на советот на општина Карпош

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Професор Д-р Наташа Пеливанова, која е член на Советот од редовите на СДСМ и заменик градоначалник на Општина Карпош, денеска доби нова функција во локалната самоуправа. Таа е нов претседател на Советот на Општина Карпош. Пеливанова е доктор во областа на правните науки. Таа е редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје. Има значаен придонес во научно-истражувачката дејност како автор на многубројни трудови издадени во домашни и меѓународни специјализирани списанија. На последните локални избори, Наташа Пеливанова е избрана за член на Советот на Општина Карпош, а исто така членува и во Комисијата за урбанистичко планирање, Комисија за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисија за прописи при Советот на Општина Карпош. Таа сега е на местото на досегашниот претседател на Советот, Андреј Манолев, но поради доделување на друга јавна функција, директор на гимназијата „Никола Карев“, Манолев го напушта претседателското место и членството во Советот. Нов член, кој е на местото на Манолев, е Бобан Ацевски кој е по професија електроинжинер и кој професионално си ги извршува работните обврски веќе 14-ет години во својата струка. Ацевски моментално е вработен во Електрани на Северна Македонија. Тој е од редовите на СДСМ и е роден е на 11.02.1980.

Читај повеќе

Последни објави

За една недела подигнати 86 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (31.12.2020 – 07.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 86 возила од јавните површини. Од вкупниот број...

Продолжуваат активностите од втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина

Продолжуваат градежните активности за реализација на втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина. Деновиве се врши асфалтирање на дел од...

Филипче: ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема, се зајакнува капацитетот на установата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод адаптиран нов простор за Дневната...

Милевски: Ги откриваме скриените атракции на Демир Хисар и Клос со поддршка на ЕУ

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програмата за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија преку проектот...

Владата обезбедени средства од буџетот за 5800 “фајзер” вакцини за Covid-19

Владата  го разгледа и усвои и Записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на...