На семејство од Делчево со едно дете потребна му е итна помош. Наталија Боатинова, живее заедно со својот сопруг во социјален стан. Жената е невработена, а сопругот нема некоја постојана работа, а тоа што го заработува не е доволно за нормална егзистенција.
Семејството има потреба од помош за обновување на домот на сопругот кој му останал од таткото во кој сега за сега нема основни услови за живеење. Се работи за куќарка која е стара и веќе се распаѓа, а они сакаат да соберат средства барем две соби да реновираат и да му овозможат на нивното дете да расте во колку – толку во прифатливи услови.
Финансиска донација може да дадете ТУКА.