Марин Ле Пен најави напуштање на НАТО и подобрување на односите со Русија

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Напуштање на НАТО и подобрување на односите со Русија – вака  претседателскиот кандидат Марин Ле Пен ја гледа француската надворешна политика. Таа повика на преглед на односите на Франција со Русија и САД, рече дека земјата мора да се врати „на свој, посебен пат“ и да ги укине антируските санкции што ја погодуваат.

Во вторникот, кандидатот за претседател на Националната асоцијација, Марин Ле Пен беше гостин во BFMTV-RMC и го презентираше својот став за бројни меѓународни прашања, при што ја истакна агендата за надворешна политика што ќе ја промовира за време на изборната кампања.

„Јас ќе ја променам француската надворешна политика. Нашиот влез во заедничката команда на НАТО беше грешка“. – рече Марин Ле Пен, најавувајќи ја својата заложба за повлекување на Франција од заедничката команда на Северноатлантскиот сојуз.

Таа изрази жалење за тензиите во односите со голем број меѓународни партнери и смета дека тоа е последица на „дипломатска подреденост во Европската унија“. Според неа, „голема земја треба да има своја дипломатија“.

Марин Ле Пен сака да ги ревидира „француските односи со САД и Русија“ за тие да станат „суверени“ и во двата случаи. „Франција мора да се врати на својот посебен пат“, нагласи таа, веројатно алудирајќи на желбата на Де Гол да се придржува кон средниот тек меѓу двата антагонистички блока за време на Студената војна.

Таа, исто така, ја образложи идејата за приближување кон Русија: „Мислам дека денес нема добра причина за одржување на санкциите против Русија. Овие санкции нè погодија на прво место нас и беа корисни за самата Русија, особено во земјоделскиот сектор. Можеме да ги укинеме санкциите, чиј ефект се покажа спротивен од предвидениот и да се вратиме во нормални односи“.

Марин Ле Пен ја прокоментира и постапката на Александар Лукашенко, кој во неделата принуди меѓународен лет да изврши итно слетување со цел да го приведе опозиционерот на бродот. „Воведените санкции треба да бидат насочени против политичарите, а не кон луѓето, кои не се одговорни за тоа“ – рече таа.

ИЗВОР: Антропол

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....