Македонските граѓани се помалку ги одобруваат политиките на САД

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Институтот Галуп се смета за една од најдобрите светски организации за аналитика. Основан е од социологот Џорџ Галуп 1935 година во Вашингтон, при што главна задача на Институтот се истражувањата на јавното мислење насекаде низ светот.

Овој американски институт околу петнаесетина години спроведува истражување на светско ниво кое мери каква доверба (одобрување) уживаат политиките на владите на  „светските сили“  САД, Германија, Кина и Русија во останатите држави (Rating World leaders: The U.S. vs. Germany, China and Russia).  Една од целите на истражувањето е да покаже чија надворешна политика ја одобруваат најмногу „граѓаните од целиот свет“. Резултатите од истражувањето се изразуваат во проценти (по држави) или бодови (регионално или глобално).

Според вашингтонскиот институт, одобрувањето на владините политики предводени од САД имаат слободен пад во поголемиот дел од Европа за периодот од 2016 и 2017 година, а предничи падот во довербата кај земјите-членки на НАТО. Кога сме кај НАТО, пад на рејтингот во одобрувањето на политиките на САД е забележан во Португалија за 51 поени (74% од испитаниците не ги одобруваат политиките), Белгија 44 поени (74% од испитаниците не ги одобруваат политиките) и пад во Норвешка од 42 поени (87% од испитаниците не ги одобруваат политиките).

Откако се појави ова истражување, единствено понизок процент на поддршка во Европа администрацијата на САД имала во 2007/08 година.

Македонија е една од ретките држави каде во првата година од мандатот на Трамп беше забележан пораст во рејтингот на одобрување на владините политики на САД. Работите се променија откако две последователни години, рејтингот за одобрувањето политики на САД во Македонија се намали – за да забележи рекорден пад од 12 поени за период од една година. Ваквиот тренд продолжува и во истражувањето за последната година, дури 45% од анкетираните изјавиле дека не ги одобруваат владините политики на САД. 


2018 година

2019 година

Рејтингот на одобрување владини политики на САД за 2020 најверојатно ќе биде објавен околу крајот на првиот квартал 2021 година. Аналитичарите кои работат на ова истражување предупредуваат дека се можни нови падови во поддршката кон политиките на САД. За главен фактор го наведуваат конфликтот и обвинувањата со НР Кина околу корона-вирусот. Информациите од целосното истражување се лесно достапни на официјалната страна на Галуп.

ИЗВОР: Антропол

Читај повеќе

Последни објави

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...