Левица: Единственото злодело на Асанж е откривањето на империјалистичките злодела на САД и НАТО!

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Денес во Лондон започна судењето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулиан Асанж. Поради откривање на воените злосторства на САД, него му се заканува казна затвор од 175 години. Од парламентарната партија Левица реагираа со соопштение до јавноста, преку кое се приклучија на глобалниот протест за слобода на Асанж.

„Севкупната состојба со правдата и слободата – како и односот на граѓанскиот политички естаблишмент кон овие две историски категории – е сумиран во ужасниот третман на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Случајот Асанж покажува дека владеење на правото е обична фарса и лага во империјалистичкиот поредок, а законот пак обичен изговор за извршување неправда и ограничување на слободата.

Асанж, пластично ја откри вистината и мотивот кој го имаа западните империјалистички сили, на чело со САД и НАТО, при нивните воени походи и насилства во име на „човековите права и демократијата“ спроведени ширум светот. „Викиликс“ на обичниот човек му ја покажа непобитната вистина за „хуманитаристичките“ акции на неговата држава/влада, спроведувани на сила и без легитимитет низ другите земји во светот. Поради ова, Асанж можеби е најважниот новинар на нашето време. Иако е гонет за т.н шпиунажа, всушност тој е обвинет за откривање воени злосторства.

За прогонувачите, злоделото на Асанж е тоа што тој на мегдан на правдата и пред очите на светската јавност, ги изложи американските воени злосторства што чинеа десетици илјади животи во Ирак и Авганистан, како и дипломатските интриги што доведоа до масовни страдања низ целиот свет. Наместо да се судат воени злосторници како Блер, Буш и Чејни, му се суди на Асанж кој ги обелодени токму нивните злосторства.

„Викиликс“ и Асанж ни обезбедија оклоп на вистината за војните, како и за политиката и целите на насилната и неодговорна моќ. Застануваќи во нивна одбрана, ние ја браниме храброста да се спротивставиме на повеќегодишната империјалистичка пракса на насилство и манипулација за прикривање на вистината. Токму политичкиот прогон на Асанж ја покажува усогласеноста и складноста на двете, условно спротивставени, политички проминенции од владеачкиот естаблишмент во САД – Демократската и Републиканската Партија. За нив, империјалистичките интереси на Владата на САД, не само што се над законот, меѓународниот поредок, правдата и слободата – туку и се спроведуваат на директна штета на други земји и региони и се со ужасни последици кон секојдневниот живот на народите кои живеат таму.

Поради ваквиот негов грев, Асанж сега е политички прогонуван и соочен со затворска казна од 175 години.

Левица се приклучува кон глобалниот протест против прогонот на Асанж и во таа насока упатуваме повик до сите опресирани народи да застанат во негова одбрана и да извршат притисок за негово ослободување. Борбата на Асанж е борба против капиталистичките опресори кои народите ги втурнуваат во војна од која профитира само владеачката класа. Ваквата борба не може да се одвои од борбата за националното ослободување на народите ширум светот кои постојано се под империјалистичката чизма на САД и воената алијанса НАТО.

Читај повеќе

Последни објави

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...

Со дофрлања и обвинувања за национализам Левица ја прекина седницата за Законот за државјанство (ВИДЕО)

После земањето збор од пратеникот Димитар Апасиев, во тензична атмосфера и дофрлања за нацизам од пратениците на тн албански блок, беше прекината расправата за...