Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ од левичарската коалиција „Одобри достоинство“ победи со 55,8% од гласовите пред екстремно десничарот Хозе Антонио Каст од Христијанско-социјалниот фронт кој доби 44,19% од гласовите. гласови.

Кандидатот на левицата Габриел Бориќ, кој патем има хрватски корени, победи на претседателските избори во Чиле и со 35 години е еден од најмладите лидери во светот. Неговиот ривал од редовите на крајната десница Хосе Антонио Каст го призна поразот непосредно по изборите, и веднаш се обрати до јавноста преку Твитер: „Само што разговарав со Габриел Бориќ, му честитав на големата победа. Од денес тој е избран претседател на Чиле и ја заслужува сета наша почит и конструктивна соработка. Чиле секогаш е на прво место“.

Оваа вест ја прославија лидерите од левицата во регионот, како што се аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, боливискиот претседател Луис Арсе, Кастиљо од Перу и други.

Поранешниот бразилски претседател и иден претседателски кандидат, Луис Инасио Лула да Силва напиша: „Му честитам на другарот Габриел Бориќ за неговиот избор за претседател на Чиле. Многу сум среќен за уште една победа на демократски и прогресивен кандидат во Нашата Америка, за изградба на подобра иднина за сите“. Лула уште пред изборите имаше изразено поддршка за Бориќ, кога беше одржан конгресот на подмладокот на Работничката партија на Бразил.

За многумина во Чиле, Бориќ претставува можност за прифаќање на барањата на демонстрантите од протестите во 2019 година. Во својата предизборна платформа, Бориќ вети дека ќе ги исполни клучните барања покренати за време на протестите, како што се зголемувањето на државните трошоци за социјалните услуги, прогресивните даноци на корпорациите и богатите поединци и дека ќе го замени лошиот приватен пензиски систем во земјата со јавен. Тој, исто така, се обврза да ги реформира злогласните полициски сили „Карабинеро“, поради вршење на репресија и прекршувањата на човековите права, за време протестите за социјална правда.

Од другата страна, неговиот противкандидат Каст, во својата програма се залагаше за сериозно назадување од барањата искажани од демонстрантите. Тој изрази целосна поддршка на полицијата, па дури и вети дека ќе го отстрани Чиле од Советот за човекови права на ООН, поради нивните извештаи за кршењето на човековите права извршени од страна на „Карабинерите“. Тој, исто така, вети дека ќе го поддржува неолибералниот економски поредок и го пофали Уставот од ерата на Пиноче од 1980 година, на чиви измени во моментот се работи, поради барањата на демонстрантите.

Читај повеќе

Последни објави

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта...

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ е нов претседател на Чиле

Во неделата над осум милиони Чилеанци гласаа на претседателските избори во Чиле. Според чилеанската изборна служба „Сервел“, по обработени 96,75% од гласовите, Габриел Бориќ...

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....