Кратки совети за пишување на CV

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Curriculum Vitae (CV) или понекогаш и кратка биографија претставува краток извадок од личниот и професионален живот каде што покрај личните податоци се прикажани и професионалното искуство, формално и неформално образование, препораки и слично.

CV претставува основна алатка која ја користиме за барање на работа односно за аплицирање на одреден оглас. CV е нешто со кое можеме да го убедиме работодавачот за да ни ја даде саканата работа. Сепак, CV е и основа за развој на личната маркетинг стратегија. Во продолжение, накратко ќе збориме за советите за пишување на CV како и содржината на CV-то.

Постојат неколку совети кои се препорачува да се следат при пишувањето на кратката биографија односно CV-то и тоа:

  • Внесувајте само важни информации: вашата кратка биографија не треба да ги содржи сите детали за вашиот живот!
  • Биографијата нека биде едноставна, јасна и уредна
  • Ограничете го CV-то на 1 до 2 страници
  • Бидете прецизни: без правописни или граматички грешки
  • Бидете доследни: интерпункција, маркирање, глаголски времиња, слободни места
  • Користете зборови што изразуваат дејство за да го опишете вашето претходно искуство: обезбедував, управував, учествував, ракував …
  • Користете точки за опишување на обврските/одговорностите на претходната работа
  • Напишете ги целосно акронимите кога ќе се појават прв пат, ставете го акронимот во наводници и потоа користете го акронимот
  • Ако пишувате на компјутер, фонтот треба да биде помеѓу 10-12

CV-то потребно е да ги содржи следните 6 елементи: податоци за личноста на кандидатот, образованието, работното искуство, информации за искористувањето на слободното време, дополнителни информации како и препораки.

Прв и основен елемент се однесува на личните податоци и тука треба да се вметнат: името и презимето, местото на живеење и адреса, телефонски број и електронска пошта, возраст, дата и место на раѓање, семеен статус, државјанство и слично.

Степенот на образование со кој се стекнал кандидатот, подреден од највисоката кон најниската диплома, годината на дипломирање, дисциплините што се изучувале, стипендиите, наградите и другите признанија треба да се вметнат во вториот елемент посветен на формалното и неформалното образование.

Работното искуство е третиот елемент и во овој елемент треба да се вметне севкупното работно искуство односно: позицијата, името на компанијата и периодот на работа (од-до).

Во поново време, особено во западните земји во голема мера се практикува лицата во своите кратки биографии да вметнуваат и информации за тоа како тие го искористуваат слободното врме. Секако, ова и не е задолжителен елемент во CV-то, но може да даде дополнителни информации, кои секако не се на одмет, особено ако активностите во слободното време се поврзани со позицијата за која се аплицира.

Дополнителните информации се однесуваат на некои особини на кандидатот кои порано не можеле да се истакнат во биографијата, но се важни за претставување на кандидатот и за неговото однесување на работата. Тука се мисли пред се на: трудољубивоста, иницијативноста, организираноста, толерантноста кон другите членови на организацијата, погодноста за тимска работа и слично.

И последен, но не помалку важен елемент во однос на претходниете, е елементот во кои е потребно да се прикажат препораките за кандидатот.

Читај повеќе

Последни објави

Левица Карпош со барање за пренос во живо на седниците на советот

По завршување на вториот круг од локалните избори во Општина Карпош, локалниот огранок на Левица во Карпош соопшти дека првото барање кое ќе го...

Димоски: Претседателот на советот треба да е од редовите на Левица

Карпошани новиот градоначалник ќе го одберат во вториот круг од изборите, откако во првиот ги избраа своите советници. Ниту една политичка партија нема мнозинство...

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...