Која е Благуна од “Благуњо дејче, пожаранче”?

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Песната “Благуњо дејче, пожаранче” е една од најпопуларните македонски песни. За нејзината популарност говори фактот што истата се свири и пее на сите македонски веселби. Истата ја имаат испеано Благица Павловска, Наум Петрески, Влатко Лозановски, Елена Ристевска, Горан Наумовски, Есма Реџепова, Зоран Џорлев и многу други македонски музичари. Истовремено, оваа песна е популарна и на територијата на поранешна Југославија. За тоа говори и фактот што истата ја имаат отпеано Лепа Брена, Верица Шерифовиќ, Шабан Шаулиќ, Амадеиус Бенд, Стоја, Јашар Ахмедовски…

Но што се крие зад Благуна од оваа песна?

Главната улога во песната ја има Благуња која не е воопшто измислен лик. Станува збор за третото дете на Никола Ѓолов, поранешен печалбар од Пожаране. Благуња, која била единствено женско во нејзиното семејство е родена на 11 април 1889 година.

Песната ја опишува неостварената љубов на младиот Аце абаџијата токму кон Благуња Ѓолова од Пожаране. Се верува дека оваа песна ја пееле другарите на Аце.

Благуња која важела за најубава Пожаранка која била и надалеку позната по нејзината убавина, во 1905 година се омажила за Диме. Починала на 26 март 1956 година.

Дарко Гавровски пишува дека токму оваа песна е првата тетовска песна снимена на носач на звук. Тоа се случило на почетокот на 20-те година, а најзаслужен за тоа бил Бора Јаниќ-Шапчанин.

Благуно дејче, мори, пожаранче

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Отвори ми џамли пенџер,
Сакам да те видам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Што да ти отворам пенџер
Кога не те сакам јас?

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Ја подај си руси коси,
Сакам да ги мрсам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Што да давам руси коси
Кога не те сакам јас?

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Ќе продадам сарај куќа
Само да те земам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Не продавај сарај куќа,
Тебе не те сакам јас.
Јас си имам друго либе,
Него си го сакам јас.

Читај повеќе

Последни објави

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...

Дарко Ристовски – кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.„Со...

Изгласан спорниот ДУП во Општина Карпош – нови згради наместо паркови

На вчерашната 60. редовна седница на Советот на Општина Карпош со мнозинство гласови на мнозинството во советот беше усвоена предлог-одлуката за донесување на Детален...