Како Апасиев стана левичар

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...
Проклет да бидам, се сеќавам како вчера да беше, а еве скоро деценија помина. Тоа беше еден ден, што траеше цела година. Доцна есен. Тажно време. Сивило. Транзицијата нѐ покоси. Моите останаа на улица. Двајца студенти, четворица невработени.
Станувам сабајлето. Ќе одам за Скопје. Да полагам испит. Спреман ми е по возови и автобуси, оти се нема пари за кирија. Ама се знае пустото. Од инат.
Новчаникот празен. Немам двеста денари за пат. За појадок и кафе ич не се ни помислуе. Луксуз е тоа за нас „провинцијалците“.
Стутулен сум, a внатре вријам. Ми се урлика. Жими сѐ ќе убијам некого! Стварно. Баба ми, Бог да ја прости, се туфка. Оди кај комшиката Вера од спротива да позајми. ДВЕСТЕ ЕБЕНИ ДЕНАРИ. За внукот да ѝ полага у Скопје. Оти „учи детето“.
Нешто се скрши во мене. Ги зимам. Понижено и бесно. Одам на станица. Купувам билет у еден правец. Знам. Повратниот е поевтин, ама нема. Се качувам. Седнувам покрај џамот. Ги кријам солзите, ама течат како споулавени. Не можам да ги контролирам. Од дете немав плачено. Сигурно нешто заебано ми се дешава. Гадно, а големо. Прелом!
Стигнувам на Правен. Сите се спремаат пред полагање, ја мртов ладен. Немам ни книга, ни бутур. Сум ја забораил у фрката. Зјапам ко нетокму у една точка. – „Шо ти е бе“? – ми викаат колегите. – „Ништо бе“, викам. „Малце сум изморен. Учев синоќа до касно“. Како не бе. Лажам. Никогаш не учев ден пред испит.
Влегувам и положувам. Десетка кај Шкариќ. Од прва. Оти преполагањето е за бубачи.
Излегуваме. Сите одат на кафе. Да се почастат и зезаат. Ме викаат и мене. Ги лажам дека не ми се пие, дека имам „работа“. Фатив да шетам накај Карпош. Сам. Без цел. Од причина што е појака и од целта и од смислата.
Се мотам ко мува без глава, а длабоко медитирам. И пцујам. Ебате државата која ја заболе за децата на стечајците кои нeмаат пари да си ја платат партиципацијата. Ебате системот кој и најдобрите студенти ги гледа само како уплатница. Овде нешто смрди. Не, не… Не може вака! Нешто длабоко не е во ред. Нешто од корен треба да се смени. Да се исече. И пак да се засади.
Сум талкал цел ден. На стемнување заплискува дожд. Ме потсетува дека е време за дома. Купувам билет со стоте денари шо ми останаа. Се прибирам. Вечерта легнувам да спијам. Капнат уморен, ама освестен. Социјално и класно. Од таа ноќ веќе ништо нема да биде исто. Автентичниот политички активизам мора да почне, оти идиоти ни ја креираат судбината! И тогаш, и сега.
Неколку години потоа се случи „ЛЕНКА“. Движењето кое им објави војна на уфирцаните партиски подмладоци и на НВО-паразитите. И уште трае. И ќе трае. Оти тек сеа почињаме. Оти нема да дозволиме и нашите деца да плачат по возови. Ете затоа, ЌЕ (ГИ) ПОБЕДИМЕ! Тоа ни е од Рацин аманетот.
– Димитар Апасиев – 2014.

Читај повеќе

Последни објави

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...