Изгласан нов ДУП – во Карпош ќе се гради бензинска станица

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

 

На 58. седница на Советот на Општина Карпош која се одржа во четвртокот беа усвоени два предлог Детални урбанистички планови. Едниот од нив се однесува на Градската четврт 3 04, Блок 5 кој се однесува на просторот кај СЦ Борис Трајковски и хотелот Александар Палас.

Мнозинството во Советот гласаше “ЗА” овој предлог ДУП па така според истиот, на просторот помеѓу спортскиот центар и хотелот, а на Булеварот 8-ми Септември ќе се гради бензинска станица. Со ова, Општина Карпош ќе добие уште една бензинска станица.

По седницата, советникот од редовите на Левица, Бранко Ристов напиша статус. “Омилен дел од мандатот како советник во општина Карпош ми е слушањето како сдс и гром/дпмне се обвинуваат за лоши ДУПови, а двете страни се против ревизија на истите. Нешто што го предложив во соработка со граѓаните уште на самиот почеток кога можеше да се спречи штетата”, напиша Ристов.

Претходно неговиот сопартиец Мартин Димоски обелодени дека парцелата на која ќе се гради бензинската станица е во сопственост на Пуцко Петрол и според овој ДУП станицата ќе се гради на површина од 1.525 метри квадратни.

Читај повеќе

Последни објави

Ристовски: Карпош години наназад е плански и наменски уништувана и бетонизирана

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на Левица, на својата официјална страна објави пост за (не)планското градење во Општина Карпош....

Детското игралиште во Нерези како во Чернобил (ФОТО)

Детското игралиште во Средно Нерези повеќе наликува како на игралиште во Чернобил отколку од населба во Општина Карпош. Левица Карпош на својот официјален Фејсбук...

Димоски: Се фалат кој ја има бетонизирано помалку Општина Карпош

Државниот Завод за статистика го објави месечниот извештај за издадени одобренија за градење за јули годинава. Според истиот, најмногу одобренија во скопскиот регион се...

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...