И Нерези е дел од Општина Карпош!

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

„И Нерези е дел од Карпош“, „И ние имаме право на Вода“ и „Приоритети на Општина Карпош – вода само за богатите“ беа транспарентите кои утрово се појавија во скопската населба Нерези. Истите се поставени од членови на Левица Карпош, а целта е да се прикаже негрижата на Општина Карпош на оваа населба која трае со години наназад.

Во реакцијата, Левица Карпош потенцира дел од проблемите со кои се соочуваат жителите на Нерези како што е слабиот притисок на вода, негрижата за зеленилото, депониите од градежен шут како и запоставувањето на детското и спортско игралиште.

Во продолжение следи целосната реакција на Левица Карпош.

Населбата Нерези е вистински пример за тоа што значи селективност во политиките на Општина Карпош. Со години, од претходната, но и од сегашната локална власт, оваа населба е маргинализирана, игнорирајќи  ги притоа проблемите и основните потреби на жителите.

Иако за време на кампањата во 2017 година СДСМ ветуваше бројни проекти во пракса не е реализиран ниту еден проект. Детското игралиште на крајот на улицата „Козле“ 20 е целосно руинирано  како и спортското игралиште. 

Покрај кејот на реката Вардар, но и на патот Средно Нерези – Горно Нерези секојдневно се депонира кабаст отпад и градежен шут, а Општината не е способна ниту да ги одржува малкуте зелени површини.

За време на кампања од претходните избори помпезно беше најавувано решавањето на проблемот со водоснабдувањето на повисоките делови на Средно Нерези, но наместо тоа, Општината премолчено  го одобрува дивиот водовод наменет само за богатите кој се гради без ниту една дозвола. 

Токму игнорирањето на потребите и барањата на жителите на Нерези, но и останатите населени места во Општина Карпош е главната одлика во досегашното владеење на градоначалникот Стефан Богоев и СДСМ. Наместо застапување на интересите на жителите на Општина Карпош изминатите години сме сведоци на тоа како Општина Карпош од најзелена прерасна во најбетонирана Општина. Истовремено, недомаќинското управување со финансиските средства ја направи Општина Карпош трета најзадолжена Општина во Република Македонија со долг поголем од 5 милиони евра.“ стои во реакцијата.

Читај повеќе

Последни објави

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...

Дарко Ристовски – кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.„Со...

Изгласан спорниот ДУП во Општина Карпош – нови згради наместо паркови

На вчерашната 60. редовна седница на Советот на Општина Карпош со мнозинство гласови на мнозинството во советот беше усвоена предлог-одлуката за донесување на Детален...

И во Козле има водопад (ВИДЕО)

Дождот кој четвртокот падна во Скопје уште еднаш ги покажа големите проблеми со кои се соочува градот. Пренатрупаноста со згради ја оптовари постоечката канализациона...