ХАОС: Меси излезе со соопштение и ја нападна Ла Лига: Не постои откупна клаузула од 700 милиони!

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

 

Лионел Меси е главна тема во целиот свет откако официјално побара раскина на договорот со Барселона и да го напушти клубот после цели 20 години.

Неговиот татко во средата имаше состанок со претседателот Бартомеу кој изгледа е најголемата причина за нездоволството на Меси. Многу детали во јавноста од тој состанок не излегоа, но сега конечно Меси се огласи со соопштение.

Целата јавност го очекуваше официјалниот став на фудбалот и се очекуваше дека ќе се изјасни дали останува во Барселона, а тој јавно ја нападна Ла Лига и изврши дополнителен притисок врз Барса.

Меси тврди дека откупната клаузула во неговиот договор од 700 милиони евра повеќе не е валидна и иронично ги прашува раководните луѓе од Ла Лига „кои документи тие ги разгледувале“.

Соопштението во целост:

„Хорхе Орацио Меси, татко и менаџер на фудбалерот Лионел Меси одговара на официјалното соопштение на Ла Лига издадено на 30 август 2020 година.

1. Не знаеме кој договор го анализирале и врз основа на кои факти заклучуваат дека Лионел Меси има „клаузула за раскин“, применлива во случај играчот да одлучи да ја искористи едностраната клаузула за да се ослободи, и дека таа важи само до крајот на сезоната 2019/20 година.

2. Ова е евидентна грешка на Ла Лига. Како што буквално укажува клаузулата 8.2.3.6 од договорот потпишан од играчот со клубот: „ова обештетување нема да важи ако играчот реши еднострано да го раскине договорот и таа одлука стапи на сила од крајот на сезоната 2019/2020.

Очигледно дека откупната клаузула од 700 милиони евра повеќе не е валидна“.

 

 

 

Извор:Спортски

Повеќе спортски содржини прочитајте на sportski.mk

Читај повеќе

Последни објави

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...

Со дофрлања и обвинувања за национализам Левица ја прекина седницата за Законот за државјанство (ВИДЕО)

После земањето збор од пратеникот Димитар Апасиев, во тензична атмосфера и дофрлања за нацизам од пратениците на тн албански блок, беше прекината расправата за...