Голем одзив на припадниците на Армијата на вонредното доброволно дарување крв во касарната „Илинден“

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои во касарната „Илинден“ доброволно учествуваат во вонредната крводарителска акција, организирана по укажаната потреба од Институтот за трансфузиологија.

На оваа хумана акција крв даруваат припадници од сите команди и единици на Армијата сместени во касарната „Илинден“, вклучувајќи и припадниците на ренџерскиот баталјон, баталјонот за специјални намени, воената полиција, армиската гарда и Логистичката база.

При посетата, министерката порача дека актот на дарување крв е најхуманото дело што секој може да го направи и дека како и многу пати досега, припадниците на Армијата секогаш, без исклучок се одзвале на секоја потреба на граѓаните.

Ваква крводарителска акција, на 20-ти месецов ќе се организира во Командата за обука и доктрини во Велес и на крајот на месецот во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. При дарувањето на крв од Армијата внимаваат и на барањето од болницата  „8. Септември“за обезбедување на дефицитарни крвни групи за кои е упатено барање од оваа болница.

За покажаната хуманост и подготвеност да се помогне, Црвениот крст додели значки и благодарници на припадниците на Армијата со 5, 10 и 25 дарувања крв. Меѓу нив и Зоран Колевски, постар водник I.класа, кој денеска даруваше крв по 44 пат.

Читај повеќе

Последни објави

Мостот Обединети Нации не е безбеден за пешаците и велосипедистите

Левица Карпош на својата Фејсбук страница објави фотографија од очајната состојба во која се наоѓа мостот Обединети Нации кој го поврзува Влае со останатиот...

За маалскиот живот во Карпош 2 (ВИДЕО)

Каков бил маалскиот живот во Карпош 2? За вратарот Рамиз од Драмски, прекарите како Пики, Чомбе, Кокош, Чавки, Трендо, Коџак, за турнирите во табла...

Амбулантата во Козле – срам за македонското здравство

Најдобрата слика за состојбата на македонското здравство може да ја најдете во скопската населба Козле. Амбулантата која е изградена пред повеќе децении се наоѓа...

Дарко Ристовски – кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.„Со...

Изгласан спорниот ДУП во Општина Карпош – нови згради наместо паркови

На вчерашната 60. редовна седница на Советот на Општина Карпош со мнозинство гласови на мнозинството во советот беше усвоена предлог-одлуката за донесување на Детален...