5 омилени книги – Анде Д. Јанков

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.

Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста. Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.

Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања. каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.

Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”. Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.

Во 2020 година, го издава својот втор роман, Виенски Гамбит во издание на издавачката куќа Антолог.

  1. Тиранија на моментот, Томас Ериксен

Убедливо книга која колку пати и да ја прочитам секогаш ми е интересна. Припаѓа на жанрот социјална антропологија, и говори за модерното информатичко општество и како истото влијае на нашето секојдневје, а истовремено го прикажува и историскиот развој на човекот и заедницата од праисторија па се до денес.

  1. Why Nations Fail, James Robinson & Daron Acemoglu

Зошто нациите пропаѓаат е една обемна книга, која доста умешно се обидува да објасни зошто некои народи и нации се побогати од останатите, и за истото дава еден историски доказ поинаков од стереотипите кои владеат помеѓу светската популација денес. Двајцата економисти ни даваат и одредени совети за тоа како едно општество може да се трансформира и да се вброи во категоријата на богати нации.

  1. Ерих Фром, Да се има или да се биде

Една од најпознатите книги на Фром. Феноменален продор во човечката психологија и во двата основни модуси на битисување на една индивидуа. Самиот наслов ни ја открива дилемата и двата екстрема помеѓу кои осцилира една човечка личност.

  1. Агата Кристи, And Then There Were None

Убедливо најпродаваната книга на Агата Кристи и една од топ 3 најпродавани книги на сите времиња. Мистерија од перото на најпознатата жена писател која никого не остава рамнодушен. Приказна која е адаптирана за разни медиуми огромен број пати, а сепак најдобрата форма и до ден денес останува романот издаден под оригинален наслов Ten Little Niggers.

  1. Магбет, Вилијам Шекспир

Сосема случајно, за крај, и едно од попознатите дела на Вилијам Шекспир. Иако важи за нешто книжевно послаб наслов од Хамлет или пак помалку познат од Ромео и Јулија, сепак оваа трагедија зборува за една од најуниверзалните човечки приказни – потрагата по моќ, и како истата знае да ја искорумпира човечката душа доколку самата моќ е целта по која се аспирира.

Читај повеќе

Последни објави

,,Никогаш Северна, само Македонија” одекнува во Букурешт (ВИДЕО)

Се бројат часовите до историскиот натпревар помеѓу Македонија и Австрија. Букурешт е под опсада на македонските навивачи, а на неколку локации одекнува македонската песна.

Македонија има најубав дрес на Европско! (ВИДЕО)

Најпопуларниот американски спортски канал ESPN го прогласи за најубав дресот на македонската фудбалска реперезентација. Во конкуренција на дресовите на сите 24 репрезентации учесници на...

Еве зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија (ВИДЕО)

Од Турција ни пристигнува видео кое на најдобар начин прикажува зошто никогаш не треба да се провоцира камионџија. Имено, како што може да се...

Левица – Карпош поднесе 280 жалби за предлог ДУП-от за Козле

Поднесени 280 жалби од Локалниот Огранок на Левица – Карпош во врска со усвојувањето на Деталниот урбанистички план за Козле, кој покрај што носи...

Со дофрлања и обвинувања за национализам Левица ја прекина седницата за Законот за државјанство (ВИДЕО)

После земањето збор од пратеникот Димитар Апасиев, во тензична атмосфера и дофрлања за нацизам од пратениците на тн албански блок, беше прекината расправата за...