5 причини против зонското паркирање

Популарно

Погледнете како би изгледало возењето во воз со 4.800 км/ч (ВИДЕО)

Како би изгледало кога јапонски воз би забрзал до 4.800 км/ч? Како би изгледало да сте внатре и да гледате низ прозорецот?Поглeднете на видеото...

Што Апасиев говореше како студент? Погледнете го видеото

Во рамките на седмото издание на орагорската вечер "Иво Пухан" во 2007 година, свој настап имаше и Димитар Апасиев, тогашен студент во втора година,...

Еве зошто не треба да блендирате за предупредување од полиција

Пријателското блендирање претставува меѓусебна, невербална комуникација помеѓу возачите со цел предупредување дека во близина следи полиција. Оваа пракса егзистира со децении наназад и сигурно...

Речиси целата територијата на градот Скопје наскоро би можела да биде покриена со зонското паркирање. Последна во низата скопски општини која се обидува да го протне овој начин на управување со јавните паркиралишта е Општината Карпош, која спроведе теренски анкети на кои жителите на Карпош 1 и Карпош 2 имаа можност да се изјаснат околу воведувањето на зонското во овие две населби.

Тука е и општината Гевгелија, а веќе се планира воведување и во други градови низ Македонија.

Сепак, имајќи го искуството со останатите општини и веќе функционалните зонски паркиралишта, може да се издвојат пет причини кои покажуваат дека воведувањето на зонското паркирање има негативни последици и не го решава примарниот проблем.

  1. НЕ ОБЕЗБЕДУВА НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА
    Многу е погрешно мислењето дека зонското паркирање ќе обезбеди повеќе паркинг места. Оние кои досега користеа возила и се паркираа на претходно бесплатните паркинг места и натаму ќе се паркираат. Најголем дел од нив се вработени во локалните бизниси кои и натаму на работа ќе доаѓаат со возила. Причината за тоа е немањето на адекватна алтернатива особено при релативно скап и неефикасен јавен превоз. Едноставо, воведувањето на зонско паркирање не значи изградба на нови паркинг простори.
  2. ГО НАМАЛУВА БУЏЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ
    Воведувањето на зонско паркирање има големо влијание врз личниот буџет. Оние кои мора да користат лични превозни средства се соочуваат со значително оптоварување на буџетот. И повторно, немањето на поефикасен (или приближно ефикасен) алтернативен превоз си го прави своето па така за паркирање некои се принудени да дадат и половина од својата дневница.
  3. ПОТТИКНУВА ДИСКРИМИНАЦИЈА
    Моделот на зонско паркирање кој се применува во Македонија е дискриминационен. Жители кои подеднакво плаќаат даноци на општината немаа право да се паркираат под исти услови на јавни улици. Тука се мисли на паркизните за резиденти кои се наоѓаат по споредните улички. Поради урбаното дивијашство во режија на урбаната мафија и непрофесионалната локална самоуправа многу станбени објекти немаат свои паркинг простор. За да ја зголемат нето површината и добијат поголем профит многу згради во централното градско подрачје немаат свој паркинг простор или доколку имаат подземни гаражи истите не се во функција. Оттука станарите ги искористуваат тротоарите за да ги паркираат своите возила како резиденти. Е сега жители на истата Општина не може да ги користат овие паркинзи бидејќи истите однапред се доделени за “резидентите”. Тоа значи дека јавниот простор, улиците и дел од нив се доделуваат на одредени жители.
  4. ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПЕШАЦИТЕ
    За да имаат поголем профит, јавните претпријатија кои го спроведуваат зонското паркирање со боја цртаат линии каде ќе стигнат. Со тоа се узурпираат тротоари и останати патеки наменети за пешаците поради што истите мора да се движат по улица.
  5. НЕТРАНСПАРЕНТНОСТ И НЕСООДВЕТНО ИНВЕСТИРАЊЕ НА ПАРИТЕ
    Парите собрани од зонското паркирање несоодветно се трошат. По некоја логика, профитот од оваа дејност опшините треба да го реинвестираат во подигнување на нови паркиралиште, катни гаражи или подземни, но изминатите години речиси и да не беше зголемен бројот на јавни паркиралишта. Оттука профитите кои доаѓаат од зонските паркиралишта несоодветно се инвестираат, а многу често сето тоа е проследено со голема нетранспарентност.

Читај повеќе

Последни објави

За една недела подигнати 86 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (31.12.2020 – 07.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 86 возила од јавните површини. Од вкупниот број...

Продолжуваат активностите од втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина

Продолжуваат градежните активности за реализација на втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина. Деновиве се врши асфалтирање на дел од...

Филипче: ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема, се зајакнува капацитетот на установата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод адаптиран нов простор за Дневната...

Милевски: Ги откриваме скриените атракции на Демир Хисар и Клос со поддршка на ЕУ

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програмата за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија преку проектот...

Владата обезбедени средства од буџетот за 5800 “фајзер” вакцини за Covid-19

Владата  го разгледа и усвои и Записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на...